• среда, 25 декември 2024

Кафе, лимонада и безалкохолни пијалаци - никогаш на празен стомак

Кафе, лимонада и безалкохолни пијалаци - никогаш на празен стомак
Москва, 3 август 2021 (МИА) - Кафе, сокови од цитрус и друго свежо овошје, газирани пијалаци и лути зачини не треба да се внесуваат на празен стомак. Ова, според нутриционистката Ана Белоусова, членка на Националната асоцијација на нутриционисти на Русија. - Исто така, треба да се откажете од лути зачини и сосови на празен стомак, бидејќи нивниот внос може да доведе до гастритис или чиреви. Може да појадувате сендвич наутро, важно е да го започнете денот со нешто хранливо во стомакот, советува Белоусова. Според кажувањата, кофеинот го потиснува апетитот, па затоа кафето најдобро се консумира некое време по појадокот. Газираните пијалаци, особено слатките, се многу штетни на празен стомак, смета таа. Честото пиење безалкохолни напивки на празен стомак, исто така, доведува до болести на системот за варење - како што се чиревите и гастритисот. Свежите сокови и соковите од цитрус мора да се комбинираат со појадок, инаку и тие предизвикуваат дигестивни нарушувања.  си/сд/

Остани поврзан