• недела, 24 ноември 2024

Кафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, Богдановиќ најави кривична пријава

Кафе барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа, Богдановиќ најави кривична пријава
Скопје, 31 октомври 2020 (МИА) - Кафе барот „Интермецо“  вчера продолжил да работи, иако имаше 30-дневна забрана за работа. Ова го откри градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на својот фејсбук-профил и најави кривична пријава по добивањето на записниците.
- По извршените контроли на кафе барот „Интермецо", вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена. Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години, напиша Богдановиќ.
Тој посочува дека по добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат Скопското кафуле „Интермецо“ беше затворено по пријавите од граѓани дека се пушта многу гласна музика. На кафе барот му беше изречена забрана за работа во следните 30 дена и глоба од 6.000 евра.фф/скс/
https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik/posts/10222578651242538

Остани поврзан