• четврток, 26 декември 2024

Катче за дневен одмор од дрвени палети во детска градинка во Кичево

Катче за дневен одмор од дрвени палети во детска градинка во Кичево

Кичево, 17 мај 2021 (МИА) - Инвентивноста на вработените и директорот од детската градинка „Олга Мицеска“ во Кичево, придонесоа во дворот на најголемата и најстара детска градинка во градот, од дрвени палети да создадат катче за дневен одмор.

-За да создадеме пријатно катче за дневен одмор во пространиот двор на детската градинка набавивме повеќе дрвени палети од кои формиравме  ново катче за одмор, како за децата така и за вработените. На овој начин ги споивме корисното и практичното и од претходно искористени палети без дополнителен трошок  го создадовме ова катче, кое ќе ни послужи во наредните неколку месеци. И наместо за горење, дрвените палети добија нова практична намена, вели директорот Садик Ахмети и најави дека и во останатите детски градинки ќе бидат создадени слични катчиња за дневен престој, а уште едно катче ќе биде создадено во истата детска градинка. Тој додаде дека со поставувањето на нова ограда во две детски градинки, се што е поставено во дворот останува долго да им служи на децата и вработените во овие градинки, што претходно не беше случај.  за/свс/

Остани поврзан