• четврток, 26 декември 2024

„Катимерини“: Зголемени мигрантските бранови во Грција

„Катимерини“: Зголемени мигрантските бранови во Грција

Атина, 19 јуни 2024 (МИА) – Во првите четири месеци од годинава во Грција се регистрирани зголемени мигрантски бранови како на копнената граница кај Еврос, така и на островите, а бројот на пристигнувања во земјата се највисоки од 2019 година, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот ги споредува податоците од Министерството за миграција и азил на Грција, во првиот квартал од 2024 година со оние од истиот период во изминатите години.

Во периодот од јануари до април годинава во Грција пристигнале 11.835 бегалци и мигранти, наспроти 4.660 лани, што е зголемување за 154 отсто, додека пак во 2021 и 2022 година пристигнувањата се движеле меѓу 2.000-3.500.

Пред пет години, бројката била како и сега, околу 11.000 бегалци и мигранти, кои нелегално стигнале во Грција.

За соработката меѓу грчките и турските власт во контролата на мигрантските бранови, „Катимерини“, повикувајќи се на извори од крајбрежната служба на Грција, пишува дека и понатаму постои директна комуникација меѓу припадниците на двете крајбрежни служби. ср/

Остани поврзан