• недела, 24 ноември 2024

Катедрата за современ танц при УГД ја започнува студентската година во новите простории во Скопје

Катедрата за современ танц при УГД ја започнува студентската година во новите простории во Скопје
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Катедрата за современ танц при Филската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ соопшти дека новата студентска година, ја започнува по прв пат во новите простории во Домот на Армијата во Скопје.

-Од денсека започнува наставата во новоотворените простории во Домот на Армијата во Скопје, кои се целосно реновирани и, по највисоки стандарди опремени за изведување настава за современ танц. Катедрата за современ танц, најавува богата програма во која ќе учествуваат студентите, преку соработката со девет европски танцови универзитети и акедмиии, со кои се најавува тесна соработка во следниов период, соопшти деканката на Филмската академија при УГД и професор на Катедрата за современ танц Рисима Рисимкин.

[caption id="attachment_1618021" align="alignnone" width="2560"]fbt fbt[/caption]

Повторно се планира, посочува таа, и програмата за фестивалот „Share“ кој се одржува од 2017 година, а во 2018 година се одржа во Скопје и Штип, со учество на преку сто студенти од девет академии од Европа - Австрија, Словенија, Унгарија, Полска, Република Чешка, Велика Британија, Латвија и С. Македонија.

-За прв пат по пандемијата, овоаа програма се обновува и ќе се одржи во Братислава, Република Чешка. Новата генерација студенти на УГД ќе имаат можност да работат по современа европска програма, да настапуваат и да разменуваат искуства со останати студенти од Европа и пошироко. Својата пракса и понатаму ќе ја имаат во соработка со Скопје танцовиот театар, што ќе им овозможи настапи во земјава и странство, се наведува во соопштението.

Од ноември 2021, за прв пат, се посочува, ќе започнат и програмите за втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД, мастер програми за кореографија и танцова едукација, на англиски јазик, за кои веќе има голем интерес од земјава и странство. Во рамките на овие програми ќе се одржува и програма, насловена „Креативен центар“ во која студентите од втор циклус студии, покрај регуларната настава, ќе имаат можност да посетуваат предавања на врвни уметнички имиња од полето на изведбените уметности, визуелните уметности, но и социологија и антропологија од земјава и странство.

Универзитетот „Гозе Делчев“ и Катдерата за современ танц, во целост ќе ги запазуваат протоколите за работа за КОВИД-19, стои во соопштението. вг/са/

Остани поврзан