• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Катар: 8 израелски деца, 5 Израелки и 7 странци ќе бидат ослободени вечерва

Катар: 8 израелски деца, 5 Израелки и 7 странци ќе бидат ослободени вечерва

Доха, 25 ноември 2023 (МИА) - Осум израелски деца и пет израелски жени наскоро ќе бидат ослободени од Газа, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари.

Ќе бидат ослободени и седум странски државјани кои биле држени како заложници во Газа, додаде Ал Ансари.

Палестинските затвореници кои Израел ќе ги ослободи во оваа фаза се 33 малолетни и шест жени, соопшти портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи. зш/

Остани поврзан