• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Катар ќе биде домаќин на два турнира на ФИФА во 2025 година

Катар ќе биде домаќин на два турнира на ФИФА во 2025 година

Цирих, 6 март 2025 (МИА) - Советот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ги одобри датумите и местата за два турнира под покровителство на организацијата во 2025 година. 

Светското првенство за играчи до 17 години ќе се одржи во Катар од 3 до 27 ноември, а Купот на арапските нации на ФИФА ќе се одржи од 1 до 18 декември.

На Купот на арапските нации ќе настапат 16 најдобри селекции од арапскиот свет, додека Светското младинско првенство за првпат ќе се одржи во проширен формат. На него ќе учествуваат 48 репрезентации кои ќе одиграат 104 натпревари во текот на 25 дена.

- Катар повторно ќе ги обедини луѓето од целиот регион и светот преку фудбалот. Со нетрпение очекуваме да им обезбедиме на играчите и навивачите капацитети од светска класа и незаборавно искуство“, рече шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, министер за спорт и млади на Катар и шеф на организацискиот комитет на двата турнира.

Катар претходно успешно беше домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, на Азискиот куп во 2023 година, на Купот на арапските нации во 2021 година и на многу други големи турнири. Земјата ќе биде домаќин на следните пет изданија на Светското првенство за млади, како и Купот на арапските нации во 2029 и 2033 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан