• недела, 01 септември 2024

Катарина Барли и на овие европски избори ќе ги предводи германските социјалдемократи

Катарина Барли и на овие европски избори ќе ги предводи германските социјалдемократи

Берлин, 28 јануари 2024 (МИА) - Германската социјалдемократска партија (ГСДП) на канцеларот Олаф Шолц ја избра Катарина Барли да ја води на изборите за Европскиот парламент во јуни, јави ДПА.

Одлуката беше донесена денеска на конференција на социјалдемократите во Берлин.

Потпретседателката на Европскиот парламент беше избрана речиси едногласно: таа доби поддршка од 98,66 отсто од околу 150 делегати на форумот.

Барли ги предводеше германските социјалдемократи и на претходните избори за Европскиот парламент - во 2019 година. паг/

Фото: Фејсбук

 

 

 

Остани поврзан