• четврток, 26 декември 2024

Кастриот Реџепи денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат

Кастриот Реџепи денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат
Скопје, 12 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот од БЕСА Кастриот Реџепи денеска своеволно допшол во полициска станица, каде дал изјава дека никогаш не бил исчезнат, туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. - Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К. Р. , МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно  никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок,  со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, се вели во соопштението од МВР. Лидерот на БЕСА Биљал Касами, вчера информираше дека пријавил во полиција оти „пратеник на движењето БЕСА е исчезнат“ и ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен. Кастриот Реџепи вчера не присуствуваше на собраниската седница за гласање доверба на Владата. Пo шпекулациите за негово наводно исчезнување и киднапирање, Реџепи се огласи до јавноста преку својот Фејсбук профил и најави дека во понеделник ќе се појави пред новинарите за да разјасни што се случило со неговото вчерашно непојавување во Собранието каде требаше да се гласа за доверба на Владата. Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе им нанесат штета на партиските структури и активисти.аа/са/  

Остани поврзан