• четврток, 26 декември 2024

Кастиљо: Знаевме дека се подготвува државен удар

Кастиљо: Знаевме дека се подготвува државен удар

Сукре, 27 јуни 2024 (МИА) – Владата на Боливија имаше информации за можен државен удар пред генералот Хуан Хозе Зунига и војниците вчера и упаднаа во претседателската палата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо.

Неуспешниот пуч наиде на осуда од светските лидери, а претседателот Луис Арсе го разреши Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар. Зунига, заедно со поранешниот командант на морнарицата Хуан Арнез Салвадор и уште десетици офицери се приведени и им можат да бидат осудени 15 до 30 години затвор.

Зунига при апсењето изјави дека добил инструкции да изврши државен удар со цел да ја зголеми популарноста на претседателот Арсе. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан