• четврток, 26 декември 2024

Кастекс: Ќе донесеме закони за подобра заштита на државните службеници

Кастекс: Ќе донесеме закони за подобра заштита на државните службеници
Париз, 23 октомври 2020 (МИА) - Францускиот премиер Жан Кастекс најави дека Владата ќе донесе нови закони со цел подобра заштита на државните службеници од закани. Франција презеде поостри мерки за борба против исламските милитанти откако на 16 октомври беше обезглавен наставникот Самуел Пати. Пати (47) бил нападнат на пат кон дома од средно училиште во Конфлан-Сен-Онорин, 40 километри северозападно од Париз, каде што предавал. На мобилниот телефон на неговиот убиец, 18-годишниот Чечен, Абдулах Анзоров, кој беше убиен од страна на полицијата, биле пронајдени фотографија од наставникот и порака во која го признава неговото убиство. Пати им покажал на своите ученици една од контроверзните карикатури на пророкот Мухамед, на час за слобода на изразување. Според училиштето, Пати им дал можност на муслиманските деца да ја напуштат училницата, велејќи дека не сака да им бидат повредени чувствата. Лекцијата, сепак, предизвика гнев и Пати и неговото училиште добија закани. паг/

Остани поврзан