• четврток, 26 декември 2024

Кастекс: Сите возрасни Французи ќе се вакцинираат од 1 јуни

Кастекс: Сите возрасни Французи ќе се вакцинираат од 1 јуни

Париз, 20 мај 2021 (МИА) - Сите возрасни лица во Франција ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19 до 31 мај или две недели порано од првично закажаниот датум - 15 јуни, изјави премиерот Жан Кастекс.

Француската Влада неодамна ги олесни условите и старосните ограничувања за добивање на вакцината со цел да ги исполни целите за имунизација.

До вчера во Франција беа вакцинирани повеќе од 21 милиони луѓе или 32 отсто од вкупното население и 41 отсто од возрасната популација со прва доза и повеќе од девет милиони луѓе исто така добија втора доза. ми/

Остани поврзан