• вторник, 12 ноември 2024

Касем: Хезболах е подготвен да му се придружи на Хамас кога за тоа ќе дојде време

Касем: Хезболах е подготвен да му се придружи на Хамас кога за тоа ќе дојде време

Бејрут, 13 октомври 2023 (МИА) - Либанското движење Хезболах, кое е  поддржано од Иран, денеска соопшти дека е подготвено да му се придружи на Хамас во војната против Израел кога ќе дојде време. 

-Ние сме целосно подготвени и кога ќе дојде време за акција ние тоа ќе го преземеме, рече заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем, на собирот за поддршка на Палестинците во јужните предградија на Бејрут, јави „Тајмс оф Израел“. 

Во последните денови израелската војска ги засили силите во северниот дел на земјата поради стравувањата дека терористичката група Хезболах, чие седиште е во Либан, ќе отвори втор фронт поради војната предизвикана со инвазијата на Хамас од Појасот Газа врз јужен Израел. 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) прогласија одредени области во северниот град Метула за затворена воена зона, соопштија денеска локалните власти. Затворената воена зона се однесува само на делови од градот во близина на граничната ограда со Либан, објави израелското воено радио. Жителите на Метула беа советувани да го напуштат градот во последните денови поради воените тензии. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан