• вторник, 26 ноември 2024

Касемиро нема намера да се врати во Реал

Касемиро нема намера да се врати во Реал

 

Мадрид, 25 ноември 2024 (МИА) – Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро одбил да се врати во Реал Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Според информациите, Бразилецот својот период во мадридскиот клуб го смета за затворена страница.

Претходно беше објавено дека Реал сакал да го врати 32-годишниот фудбалер во услови на голем број повредени играчи.

Касемиро играше за Реал Мадрид од 2013 до 2022 година пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Оваа сезона, играчот од средниот ред одигра 16 натпревари на кои постигна 3 голови. Актуелниот договор со англискиот клуб му истекува на лето 2026 година. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан