• недела, 05 јануари 2025

Касемиро би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед уште во јануари

Касемиро би можел да се раздели со Манчестер Јунајтед уште во јануари

Манчестер, 2 јануари 2025 (МИА) - Халфот Касемиро веќе во јануарскиот преоден рок може да се раздели со англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед и да игра во саудиското првенство, пренесуваат „Дејли Мејл“ и „Скај Спортс“.

Според информациите, Манчестер Јунајтед е подготвен да се раздели со значителен број од своите сегашни играчи, а се разговара за понуди и за постојани трансфери и за заеми. Меѓу играчите кои веројатно ќе се заминат, покрај Касемиро, се и Маркус Рашфорд, Кристијан Ериксен, Виктор Линделоф, Антони и други.

„Скај Спортс“ тврди дека Манчестер Јунајтед бара близу 60 милиони фунти за заминување на Рашфорд, но се уште нема понуда за напаѓачот. Многу е веројатно дека „црвените ѓаволи“ ќе ја намалат цената за правата на Англичанецот со оглед на неговата огромна плата, лошата форма и проблемите кои ги направи со интервјуата во месец декември.

Англиското издание во своите информации додава дека Јунајтед и Рашфорд можната разделба ја гледаат како позитивна за двете страни. дс

Фото: Архива

Остани поврзан