• сабота, 23 ноември 2024

Касемиро беше дриблан осум пати на мечот со Кристал Палас - ова е сезонски антирекорд во Премиер лигата

Касемиро беше дриблан осум пати на мечот со Кристал Палас - ова е сезонски антирекорд во Премиер лигата

Лондон, 7 мај 2024 (МИА) - Касемиро имаше проблем да ги запре играчите на Кристал Палас синоќа во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед кој играше во центарот на одбраната беше дриблан осум. Ова е најлошата цифра во актуелниот шампионат на Англија.

Натпреварот Манчестер јунајтед го загуби со 4:0, а тренерот Ерик тен Хаг настапот на Бразилецот го оцени како тој да бил „отсутен“.

Англискиот фудбалски аналитичар и поранешен играч на Ливерпул, Џејми Карагер му порача на Касемиро да си бара нова клупска средина.

- Касемиро, како искусен фудбалер, мора да разбере дека му преостануваат уште три натпревари на највисоко ниво - два првенствени натпревари и финалето на ФА Купот. Потоа да си бара клуб во американската МЛС или во Саудиска Арабија. Тој вчера сепак играше против Кристал Палас, а не Сити или Реал Мадрид. Сериозен сум. Неговиот агент и придружбата мора да му кажат, доста е.

По вчерашниот пораз Манчестер јунајтед се наоѓа на 8.место во Премиер лигата со 54 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан