• сабота, 23 ноември 2024

Касами ќе бара помош од Владата за Тетово да се справи со последиците од невремето

Касами ќе бара помош од Владата за Тетово да се справи со последиците од невремето

Тетово, 29 мај 2022 (МИА) - Општинскиот Kризен штаб попладнето во Тетово одржа седница поради невремето во градот и причинетите материјални штети по имотите на граѓаните и институциите на локално ниво. Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами информираше дека за надминување на состојбата ќе се бара помош и од Владата.

-Неадекватните инвестиции во делот на атмосферската канализација дадоа резултат на тоа повеќе од улиците, повеќе од булеварите и  кружени текови да бидат блокирани и беа под вода. За жал, дел од таа вода отиде во подрумите на куќите, особеново делот кај Тетовчанка, Тетекс, и во целото градско подрачје кое е во долниот дел на градот. Исто така беа поплавени некои од јавните институции во ситуацијата, училишта и градинки. Од сабајле сум на терен со противпожарната и спасителна екипа во рамките на Општина Тетово каде интервениравме и дел од проблемите ги решаваме во од. Во ситуацијата интервенираме и за испумпување на водата од подрумите на граѓаните, изјави Касами.

Кризниот штаб донесе и повеќе заклучоци според кои ќе се бара помош од Владата за надоместување на штетите, чистење на речните корита, како и помош и од град Скопје за чистење на улиците.

-Ќе воспоставиме контакт број за пријавување на штетите од страна на граѓаните,воспоставување континуирана комуникација со Центарот за управување со кризи, полицијата и Дирекцијата за заштита и спасување во врска со преземањето на мерки на претпазливост за избегнување на поголеми штети. Да се интервенира во делот на атмосферската канализација (долгорочно) и да се провери исправноста на водата за пиење, истакна Касами.

Градоначалникот рече дека будно се следат состојбите и во шарпланинските села како Шипковица и Бродец. Таму вчера имаше одрони на патот кои се расчистија, додека денеска немаше нови проблеми и штети.ас/са/

Остани поврзан