• сабота, 23 ноември 2024

Касами: Со нас на власт, проблемот со отпадот ќе биде историја, Тетово ќе биде најчистиот град во Северна Македонија

Касами: Со нас на власт, проблемот со отпадот ќе биде историја, Тетово ќе биде најчистиот град во Северна Македонија
Скопје, 8 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Движењето Беса и нејзиниот кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами денеска ја презентираше програмата пред жителите на населбата Тетекс 1. Касами уште еднаш од оваа населба вети дека ниту еден вработен во општинската администрација нема да добие отказ од работа. Тој, исто така, рече дека ветувањата на Движењето Беса во ова предизборна кампања нема да останат само ветувања, туку, дека за сите оние работи што досега биле кажани и ветени имаат соодветни проекти, проучени и анализирани, кои за време на нивниот мандат ќе се реализираат до крај. Сите улици кои изгледаат како „мини езера“, рече Касами, ќе бидат санирани и регулирани правилно како што се во секој европски град. Исто така, додаде тој, ќе се интервенира во канализациската мрежа, а ќе се решаваат и другите проблеми со кои се соочува Општина Тетово. -Овде од населба Тетекс 1 ќе претставиме една наша точка од програмата, „да имаме канализација“. Преку ова ветување ние нема да дозволиме да имаме патишта, кои во овие врнежливи времиња личат на „мини езера“ кои се непроодни за пешаците, за автомобилите, така што. еднаш и засекогаш Тетово ќе има добра канализација и ќе изгледа како модерен град, како европски град. Исто така, детално работевме на прашањето за отпадот, што, исто така, е една наша болна точка, и говори за неуспесите на минатите раководства на Општина Тетово. Во соработка со пријателите кои имаат искуство во оваа област, веднаш по преземање на власта ќе го направиме Тетово чист град, град кој ќе биде еден од најубавите градови во Северна Македонија, рече Касами. Тој, исто така, нагласи дека Движењето Беса го има подготвено деталниот урбанистички план, кој е изработен од, како што рече, вистински и врвни професионалци кои се докажани во оваа област. -На овие избори, Движењето Беса нуди конкретни и амбициозни идеи и проекти, кои се реални и силни, кои носат нов начин на управување со општина Тетово, како единствена и конкретна надеж за вас сограѓани, со голема доверба кон нас, која наскоро ќе стане опиплива реалност и која ќе дојде. Со цел да комбинираме искуство, енергија и нов дух ќе се залагаме застапеноста на младите и жените да е на повисоко ниво. Младите луѓе се нашиот најголем адут. Имаме среќа што ги имаме, затоа имаме обврска да ги поддржиме како гаранција за нашата иднина, рече Касами во Тетово. сст/дма/

Остани поврзан