• сабота, 23 ноември 2024

Касами: Се работи за целосна промена на системот за комунални сметки, тоа бара време -граѓаните да дојдат во Општината да ги искажат нивните проблеми

Касами: Се работи за целосна промена на системот за комунални сметки, тоа бара време -граѓаните да дојдат во Општината да ги искажат нивните проблеми

Тетово, 20 мај 2024 (МИА) – За проблемите  со комуналните сметки кои согласно јавното-приватно партнерство во Тетово од февруари 2024 ги издава австриско-словенечката компанија Саубермахер, а се соочуваат граѓаните, градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека треба време да се надминат. Од дешениот настан на градскиот плоштад тој повтори дека е подготвен лично да ги сослуша проблемите на граѓаните.

-Ние имаме перманентна комуникција. На граѓаните им е дадена можност да дојдат во Општината да ги искажат нивните проблеми и незадоволства. Јас сум подготвен секоја недела да седнувам лично со граѓаните, со претријатието, со раководството на Саубермахер и едно по едно да ги решаваме нивните проблеми. Знаеме дека се работи за целосна промена на системот од тоа што не функционирало во минатото за нешто што ќе треба да функционира. Тоа бара време, тоа бара соработка од граѓаните. Јас барам граѓаните да соработуваат, а им гарантирам дека нема да имаат повисоки сметки од тоа што е реално е според сите закони и правилници. Но дека треба секој да плати за вода, за менаџирање со отпад и за јавните услуги тоа е важно. Во минатото не плаќале сите и тоа била реалност. Затоа бараме соработка со граѓаните, а им нудиме им гарантираме дека нема да плаќаат повеќе од тоа што треба да платат, рече Касами.

За тоа што три месеци по најавата не се работи на продолжувањето на булеварот „Благоја Тоска“ од касарната во правец кон Порој, Касами рече дека проблемот е во компанијата изведувач.

-Таму динамиката беше дадена согласно динамиката понудена од компанијата, која треба да ги реализира таму работите. Гледаме дека не се почитува таа динамика. Рековме дека ние ќе ги преземем сите законски процедури кои ќе треба да видиме зошто не се реализирани и зошто не е почитувана таа динамика. И ако треба ќе преземе правни мерки за компанијата која не ги реализираше обврските кои самата ги даде во почетокот на работите. Требаше за три месеци да се заврши-таа динамика беше дадена од самата фирма и сега треба да кажат зошто не е реализирана и каде е проблемот и да видиме.  Ако е кривица на претријатието ќе треба да сноси последици за тоа, истакна Касами од плоштадот каде беше на активноста „Отворен ден“ што ја организираат средните училишта во Тетово. ас/аа/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан