• недела, 17 ноември 2024

Касами: Нема да гласаме за уставните измени

Касами: Нема да гласаме за уставните измени

Скопје, 1 октомври 2023 (МИА) - Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели влидерот на движењето Биљал Касами.

Во интервју за РСЕ, Касам вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ и за претстојните претседателски избори најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт.

Прашан за уставните измени и зошто БЕСА не учествуваше со свој кандидат во Работната група за уставните измени, Касами рече дека очекувале дека Владата ќе биде поразумна и дека „сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна“. 

- Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто? Ние како движење пуштивме формално барање, но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите, појасни Касами, во интервју за Радио слободна Европа.

Според Касами, сѐ додека ДУИ и Алијанса за Албанците не гледаат потреба да го отворат ова прашање за да видиме дали има или нема услови за да, како што вели, знаеме и ние со кого да разговараме во иднина.

Прашан, дали бил на судското рочиште на 15 септември за пречекот на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на 11 август, Касами одговара дека не бил, бидејќи не бил тука, но и дека според него, тоа било повеќе политички мотивирана процедура.

- Не. Прво затоа што не бев тука, второ затоа што ценам дека тоа беше повеќе политички мотивирана целата процедура поради тоа што ДУИ и Ахмети на власт се чувствуваат загрозени од целата ситуација која се создаде и влијанијата кои ги имаат во правниот систем наметнаа да се случат тие работи. Повеќе, затоа што во делот на протоколот беше нели од владата организиран и пречекот и сите тие работи, но и во Тетово сите знаат дека во јавните места беше и државното знаме и знамето на Република Косово и на пречекот кај мене во Општината. Така да, секогаш кога власта сака нешто да покрене, секогаш може да најде нешто за да покрене некои процедури, но цениме дека правниот систем, правосудството, обвинителство имаат многу поважни теми отколку да се занимаваат со тоа дали градоначалникот на Тетово во одреден момент направил некој пропуст или не, вели Касами. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан