• сабота, 23 ноември 2024

Касами: Веруваме дека и во Тетово ќе видиме фабрика за рециклирање отпад

Касами: Веруваме дека и во Тетово ќе видиме фабрика за рециклирање отпад

Тетово, 10 јануари 2024 (МИА) - Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами ја посети австриската компанија која го презема стопанисувањето со сметот во Тетово од каде изрази верување дека ќе има рециклирање на смет. Делегацијата на Општина Тетово предводена од Касами во австрискиот град Грац ја посетиле компанијата „Саубермахер“ и со претставникот на одборот Ханс Рот, менаџерот на Франк Дикенс и виделе како функционира фабриката за рециклирање на отпад.

-Во рамки на посетата градоначалникот ја посети компанијата за да види одблиску со какви капацитети располага оваа компанија која ќе управува и со отпадот во нашиот град. На средбата беше разгледана работата и активностите што оваа компанија ќе ги реализира во Тетово, за продлабочување на соработката и дефинирање на задачите што произлегуваат од договорот меѓу општината и оваа компанија. Заедно со претставниците на компанијата, делегацијата на Општина Тетово ја посети и фабриката за рециклирање отпад, а се надеваме и веруваме дека во блиска иднина ќе видиме и во Тетово, истакнал Касами, пренесуваат од Канцеларијата за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово.

Австриската „Саубермахер“ од 1 јануари годинава согласно јавно-приватно партнерство го презема собирањето и складирањето на отпадот од тетовските улици. На 12 јануари најавена е седница на Советот на општината, на чиј дневен ред е усвојување на ценовник за собирање и транспорт на отпад територија на Општина Тетово.ас/фф/

Фото: Општина Тетово 

Остани поврзан