• недела, 01 септември 2024

Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024

Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024

Скопје, 24 август 2024 (МИА) - Во дворот Кинотека денеска ќе се одржи ликовен настан „Карпошово културно лето – Мирисот на летото 2024 година“.

Како што информираат од Детскиот ликовен центар-Скопје, ќе учествуваат 10 ликовни творци - Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева.

Уметниците ќе сликаат денеска и утре од 10 до 19 часот.

Од Детскиот ликовен центар-Скопје најавија дека следната недела во вторник напладне ќе биде отворена изложбата во изложбената галерија при Кинотеката.фф/лв/

Фото: Детски ликовен центар-Скопје                          

Остани поврзан