• среда, 20 ноември 2024

Карпентер: Одлуката на Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа цели во Русија не ги вклучува ракетите АТАКМС

Карпентер: Одлуката на Бајден да и дозволи на Украина да напаѓа цели во Русија не ги вклучува ракетите АТАКМС

Вашингтон, 1 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден му наложи на својот тим од безбедносни експерти да ги промени насоките за користење на американското оружје од Украина за напади врз воени цели на руска територија, а ова овластување не се однесува на употребата на тактичките проектили со долг дострел АТАКМС, изјави директорот за Европа во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Мајкл Карпентер.

-Ова се случува во контекст на руската офанзива во регионот на Харков, по што украинската страна дојде кај нас и побара дозвола за напад на цели во Русија, од каде беа гранатирани украински позиции, села и градови, додаде Карпентер во интервјуто за Укринформ.

Тој нагласи дека Бајден, штом го примил барањето од Киев, „го упатил својот тим за национална безбедност да ги промени насоките за да дозволи такви контраудари“.

Карпентер тоа го нарече „директен одговор“ што дава можност за прекугранични контранапади. Меѓутоа, тој прецизираше дека одлуката е насочена кон запирање на руската офанзива и „не се однесува на ракетите АТАКМС или напади со долг дострел“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера и официјално потврди дека претседателот Џо Бајден и дал дозвола на Украина да напаѓа воени цели на територијата на Руската Федерација со американско оружје, забележува Укринформ.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан