• сабота, 27 јули 2024

Карневал под маски ,,Ратевски Бамбурци" во беровско Ратево

Карневал под маски ,,Ратевски Бамбурци

Берово, 20 јануари 2024 (МИА) - Во беровското село Ратево денеска се одржува карневалот Ратевски Бамбурци, вековна традиција што секоја година се организира по повод христијанскиот празник „Собор на Св.Јован  Крстител".

Традицијата е преточена во карневал во кој главни јунаци се Бамбурците, но свои маски ќе претстават и учесници од други градови.

Настанот секоја година го организира  здружението „Ратевски Бамбурци“ потпомогнато од месната заедница, Општина Берово и општествено одговорни фирми.

Маскирањето на Бамбурците започна после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно. Дефилето под маски е закажано за 12 часот, а за сите учесници организаторот обезбеди ручек во Домот на културата. вс/бак/


Фото: Здружение „Ратевски Бамбурци“

Остани поврзан