• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА

Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА
Лос Анџелес, 25 октомври 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата. На натпреварот против Мемфис (121:118) одигран рано утрово, Ентони постигна 28 поени и стигна до 27 423 поени во кариерата. Тој го престигна легендарниот Мозес Мелоун (27 409). Вклучувајќи го и Ентони, седум од деветте НБА играчи со највисоки перформанси играле за Лејкерс во одреден сегмент од нивната кариера. зс/

Остани поврзан