• вторник, 12 ноември 2024

Кари ќе пропушти два натпревара поради повреда на скочниот зглоб

Кари ќе пропушти два натпревара поради повреда на скочниот зглоб

Сан Франциско, 29 октомври 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари, е надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб, објави новинарот Ентони Слејтер.

Се очекува 36-годишниот Американец да пропушти два натпревара на Вориорс.

Оваа сезона Кари настапи на три натпревари и имаше просек од 18,3 поени и 6,7 асистенции.

Голден Стејт со две победи и еден пораз е на 4. место во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан