• среда, 27 ноември 2024

Кари: Сакав да бидам избран од Њујорк на драфтот во 2009 година

Кари: Сакав да бидам избран од Њујорк на драфтот во 2009 година
Сан Франциско, 12 јануари 2022 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Голден стејт, Стеф Кари, призна дека сакал да биде избран од Њујорк на драфтот во 2009 година. - Навистина сакав да стигнам до Никс. Драфтот се одржа во Њујорк, беше роденден на татко ми, 25 јуни 2009 година. За тоа време често разговарав со генералниот директор на Њујорк. Тој рече дека ако сум на располагање, ќе ме изберат. Имаше многу возбуда бидејќи бевме во Њујорк и мислев дека ќе бидам играч на Никс. Но, секогаш внимавајте што посакувате. Се случи тоа што се случи, па сега сум играч на Вориорс, изјави Кари. Тој беше избран како седми пик од страна на Голден стејт. Њујорк на тој драфт го избра осмиот пик Џордан Хил. зс/

Остани поврзан