• вторник, 12 ноември 2024

Кари: Рано ми е за пензионирање

Кари: Рано ми е за пензионирање

Сан Франциско, 19 февруари 2024 (МИА) – Плејмејкерот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари нема намера во скоро време да ја заврши кариерата.

Според 35-годишниот кошаркар, тој нема да почне да размислува за пензионирање  додека придонесува за неговиот тим.

- Порано или подоцна ќе дојде момент кога ќе се разбудам и моето тело и мојот ум ќе ми кажат дека е време. Но, мислам дека не сум блиску до тој момент, изјави кари за „Clutch Points“.

Во својата 15-та сезона во НБА-лигата, Кари има освоено четири шампионски титули и два пати ја доби наградата за најкорисен играч (МВП).

Кари во НБА-лигата дебитира во 2009 година и целата своја кариера ја помина во Голден Стејт вориорс. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан