• петок, 27 декември 2024

Карзај и Абдула во домашен притвор во Кабул

Карзај и Абдула во домашен притвор во Кабул
Кабул, 26 август 2021 (МИА) - Поранешниот претседател и премиер на Авганистан, Хамид Карзај и Абдула Абдула, официјално се ставени во домашен притвор во Кабул, откако талибанците го одземаа обезбедувањето. Според Си -Ен -Ен, тие биле оставени на милост и немилост на талибанците. Талибанците, како што се наведува, конфискувале оружје од придружбата на Карзај во понеделникот и ги конфискувале неговите возила, што го натера поранешниот претседател да се здружи со поранешниот ривал на претседателските избори во 2014 година. Минатата недела, портпаролот на талибанците изјави за Си -Ен -Ен дека нивната група сака инклузивна влада и оттогаш водеше разговори со Карзај и Абдула, кои останаа во Кабул кога талибанците ја презедоа власта. паг/  

Остани поврзан