• среда, 25 декември 2024

Карвахал: По Реал, нема да играм никаде во Европа

Карвахал: По Реал, нема да играм никаде во Европа

Мадрид, 4 септември 2024 (МИА) - Еден од најискусните фудбалери на Реал, Дани Карвахал зад себе имаше многу успешна сезона. Со клубот го освои шампионатот, Лигата на шампионите, а со репрезентацијата - Европското првенство.

И додека ѕвездите на Реал Винисиус Јуниор (најдобриот играч во Лигата на шампионите), Џуд Белингем (најдобриот играч на Ла Лига и најдобар играч на англискиот финалист на ЕУРО) и асот на Манчестер Сити, Родри (најдобар играч на ЕУРО) се споменуваат како главните фаворити за „Златната топка“, некако од сенка Дани Карвахал се повеќе се турка во тоа друштво. Затоа што тој за разлика од сите тројца е член на две екипи кои ги освоија највредните титули и на Реал и на Шпанија.

Но, не само што играше за тие тимови, тој беше многу влијателен. Беше дури и стрелец во финалето на Лигата на шампионите, а практично незаменлив за „црвената фурија“. Затоа и покрај тоа што има 32 години, приказните за неговото заминување во овој момент изгледаат многу ненаменски.

- Се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години - изјави Карвахал.

Во моментов искусниот десен бек преговара за нов договор, а се почесто се споменува преселба во МЛС.

– МЛС по Реал? Постои можност. Кога ќе одлучам дека нема да бидам во Реал, нема да играм во Европа и алтернативите се значително намалени, дециден е тој.

Договорот на Карвахал истекува следното лето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан