• сабота, 16 ноември 2024

Карван за информирање за придобивките од вакцините во 24 места низ земјава

Карван за информирање за придобивките од вакцините во 24 места низ земјава
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Карван за информирање на заедниците за корисноста на вакцинирањето од денеска до 26 октомври ќе посети 24 локации низ земјава. Го организира Министерството за здравство со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација.
Под слоганот „Заедно заштитени - вакцините делуваат“, каравнот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи антиковид-вакцинација на самото место.
- Повеќе од два века вакцините им помагаат на луѓето да останат здрави - почнувајќи од првата вакцина за заштита од големи сипаници, па сѐ до најновите вакцини што се користат за спречување тешки случаи на КОВИД-19. Оттогаш, семејствата и заедниците веруваат дека вакцините овозможуваат заштита за сите - од новороденчиња до повозрасни лица, наведува Министерството за здравство.
Посочува и дека пандемијата КОВИД-19  предизвикала огромен притисок кај здравствените системи и услуги, а нарушувањата го загрозиле долгогодишниот тешко стекнат напредок во редовната вакцинација кај деца.
- На пример, процентот на деца кои ја примиле втората доза против сипаници опаднал од 93,4 отсто во 2019 година на 68,5 отсто во 2020 година, со покачување на 80,4 отсто во 2021 година, наведува Министерството.
Бидејќи карванот почнува во пресрет на сезоната на грип, ќе бидат споделени и информации за вакцинација против сезонскиот грип во контекст на КОВИД-19. Повторно ќе се истакне потребата од вакцинирање против КОВИД-19, бидејќи 46,7 отсто од вкупното население во Северна Македонија се вакцинирани со две дози, а само 8,9 отсто се вакцинирани со трета доза.
Тимовите за имунизација кои патуваат со карванот ќе обезбедат вакцинација против КОВИД-19 на самото место. За време на настаните ќе има на располагање и услуги за мерење крвен притисок, организирани во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Локации и термини на посета од карванот:
19 октомври: Плоштад Куманово [10:00-12:00]; Черкези, училишниот двор [12:30-14:30]; и Старо Нагоричане, пред Општината [15:00-17:00]
20 октомври: Плоштад Струмица [10:00-12:00]; Ново Село, пред болницата [12:30-14:30] и Василево, пред Домот на културата [15:00-17:00]
21 октомври: Велес, пред театарот [10:00-12:00]; Чашка, на Плоштадот кај Општината [12:30-14:30]; и Бузалково, до општината [15:00-17:00]
22 октомври: Прилеп, пред Старата чаршија [10:00-12:00]; Долнени, пред општината [12:30-14:30]; и Кривогаштани, пред Општината [15:00-17:00]
23 октомври: Битола, Саат-кула [10:00-12:00]; Новаци, до пазарот Шик [12:30-14:30]; и Могила [15:00-17:00]
24 октомври: Охрид, Плоштад Крушевска Република [10:00-12:00]; Мешеишта, до полигонот [12:30-14:30]; и Косел [15:00-17:00]
25 октомври: Плоштад Тетово [10:00-12:00]; Боговиње, пред општината [12:30-14:30]; и Теарце, Училишниот двор на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ [15:00-17:00]
26 октомври: Плоштад Скопје [10:00-12:00]; Сарај, пред основното училиште „Дитуриа“ [12:30-14:30]; и Ракотинци, пред Општината [15:00-17:00]. хс/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан