• среда, 27 ноември 2024

Карбинци за 74 метри кубни или 105 метри просторни огревно дрво со ДДВ платило над 698.000 денари  

Карбинци за 74 метри кубни или 105 метри просторни огревно дрво со ДДВ платило над 698.000 денари  

Штип, 21 ноември 2022 (МИА) - Општина Карбинци набавила огревно дрво за подрачните основни училишта по цена од 8.000 денари по метар кубен, а со ДДВ цената изнесува 9.432 денари, стои во договорот официјално објавен  на Јавни набавки. Оваа мала рурална општина за 74 метри кубни огревно дрво за општинските училишта на фирма од Радовиш инкасирала вкупно 698.560 денари со ДДВ. Одлуката за избор на најповолна шпонуда е на 29.08.2022 година.

-Вкупната цена на работите од член 2 од овој договор, согласно прифатената цена, изнесува 592.000,00 денари вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без вклучен ДДВ. Вкупниот износ на ДДВ изнесува 106.560,00 денари. Вкупната цена на Договорот вклучувајќи ги сите трошоци и попусти со вклучен ДДВ изнесува 698.560 денари. Во формирањето на крајната цена по метар кубен Огревно дрво Бука, Економските оператори треба да ги вкалкулираат сите трошоци поврзани со предметот на набавката, вклучително и трошоците за утовар, транспорт и истовар со кубицирање на Огревно дрво Бука (опсег на дијаметар од 7-16 сm) I/II степен на квалитет сведено на метар кубен, при што цената на работите не може да се менува во случај по склучувањето на договорот да се зголемат цените на елементите врз основа на кои е таа определена, стои во договорот објавен на Јавни набавки.

МИА побара  одговор од страна на градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за високата цена на огревното дрво, кое според објавените цени на јавни набавки достигнала 150 евра со ДДВ за метар кубен огревно дрво бука. Паунов образложува дека со набавката биле добиени 105 метри просторно огревно дрво. Тој тврди дека училиштата во Карбинци не се греат на најскапи дрва, бидејќи цената од 8.000 денари се однесува на метар кубен, а 5.600 денари е реалната цена на метар просторен, како што впрочем и добиле дрва.

-Општина Карбинци и основното училиште „Страшо Пинџур“ имаме склучено договор по јавна набавка, распишана по трет пат, бидејќи двапати заврши како неуспешна. Во овој момент цената која ја имаме ние склучено со операторот за огревно дрво изнесува по 5.600 денари по метар прострен. Тоа значи дека еден кубик изнесува 1,43 метри просторни или да сумирам набавката која ја имаме набавено од 74 кубика сме добиле 105 метри просторни. За да биде јавноста точно информирана се работи за цена од 5.600 денари по метар просторен со влучување на транспорт до подрачните училишта кои пред сѐ се во плачковичкиот регион, вели  Пуанов.

 Според него, оваа набавка на дрва е скапа поради инфлацијата во земјава.

-Оваа набавка е во овој момент според сите стандардни цени во државата, не е најскапа набавка по училиште, но е скапо поради самата инфлација во државата. Последната година имаме серизони предизвик со цените, вели Паунов.

Тој истакна дека се искористиле и дрвата останатати од претходната грејна сезона, а дополнително се работи на изнаѓање алтернатива за греење на училиниците во подрачните училишта на територија на Општина Карбинци.вдј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан