• сабота, 28 декември 2024

Карбинци бара средства за реконструкција на патот меѓу Долни Балван и Таринци

Карбинци бара средства за реконструкција на патот меѓу Долни Балван и Таринци
Карбинци, 15 октомври 2022 (МИА) - Напролет се очекува да започне реконструкција на една од главните патни артерии во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов вели дека за реконструкција на патниот правец меѓу селата Долни Балван и Таринци се завршени сите обврски од страна на општината. Ако сè се движи според планираното, и до крајот на годината се распише тендерот од страна на Министерството за транспорт и врски, наредната година Општина Карбинци ќе добие реконструиран патен правец и нова велосипедско пешачка патека. - Општина Карбинци го има аплицирано овој проект, тоа е еден од двата проекти кои ги имаме аплицирано во Транспорт и врски, финансирано од Светска банка, во Програмата за реконструкција на улици и патишта. Се работи за потегот од село Долни Балван до село Таринци со велосипедско пешачка патека. Сите обврски на Општина Карбинци се завршени од страна на администрацијата и на проектантскиот тим, вели Паунов. Посочи дека ова ќе биде и првата велосипедско-пешачка патека која треба да ја добие Општина Карбинци, целосно уредена и осветлена. - Овој патен правец е со должина од еден километар и 600 метри по истиот долж ќе биде и патеката, а ние понатаму го имаме изработено и проектот од село Таринци до село Карбинци за дополнителна велосипедско пешачка патека во должина од 1.800 метри и се надевам дека ќе успееме во наредната година барем да го отпочнеме и тој проект за да почнеме да се развиваме и во спортот и рекреацијата и во нашите населени места, додаде Паунов. вдј/мс/

Остани поврзан