• среда, 27 ноември 2024

Карбинскиот градоначалник ќе предложи именување на улици и на броеви на објекти

Карбинскиот градоначалник ќе предложи именување на улици и на броеви на објекти

Карбинци, 11 септември 2023 (МИА) - Во Општина Карбинци почнува постапката за избор на нови членови на месните заедници, најави денеска градоначалникот на општината, Виктор Паунов. Тој посочи дека како новина и на негов предлог, на состаноците на месните заедници ќе се разговара за именување на улици и на броеви на куќите и правните субјекти во општина Карбинци.

- Како новитет, кој што ќе биде една од првите точки на состанокот со месните заедници, по моја иницијатива, ќе биде започната административна постапка за именување на улици и нумерирање на објектите во населените места во општина Карбинци, каде по предлог на населението, истите ќе бидат именувани. Воведувањето на имиња на улиците, нема да ги обврзува жителите да ја менуваат адресата на живеење во своите валидни лични документи, жителите ќе имаат можност да го направат тоа при нивно обновување, појасни Паунов.

Тој нагласи дека жителите на општина Карбинци заслужуваат подобра иднина, а со работа и труд, како што рече, ќе се подигне квалитетот на живот. вдј/бд/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан