• среда, 18 декември 2024

Карате тренерот Пачуку од Дебар, се здоби со меѓународна лиценца за акредитиран тренер

Карате тренерот Пачуку од Дебар, се здоби со меѓународна лиценца за акредитиран тренер

Дебар, 8 септември 2024 (МИА) - Тренерот на дебарскиот карате клуб „Дибра“, воедно тренер и на македонската карате репрезентација, Дурим Пачуку, успеа да се здобие со лиценца од светски рамки за акредитиран тренер.

- Во Венеција, Италија, каде учествуваме на Светското првенство, денеска успешно го поминав предизвикот за лиценцирање „Accreditet Choac“ на Светската карате федерација WKF. Задоволството е големо бидејќи сега, со оваа лиценца(козам) ќе може да настапувам како тренер во „Youth league“ i Серија A, без која не може да се настапува во овие лиги, рече за МИА, Пачуку.

Сакам, додаде да искажам голема благодарност до моето семејство и на сите оние кои во текот на годините ме поддржуваа на мојот пат на кој денес ја добив и светска лиценца.

Пачуку (38) дури 25 години се занимава со карате спортот. Освен што бил успешен како поединец, освојувајќи медали, на многу натпреварувања на различни нивоа, тоа сега го продолжува со членовите на клубот „Дибра“.

Дел од низата успеси е и учеството на двете каратистки Ера Коџа и Блина Горенца, како дел од македонската репрезентација, на Светското првенство што се одржува во Венеција. вт/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан