• вторник, 24 декември 2024

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Сарај, Аеродром и Велес

Караванот „Рамо до рамо до победа“ во Сарај, Аеродром и Велес

Скопје, 16 мај 2023 (МИА) - Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Сарај, Аеродром и Велес.

-Поддршката што доаѓа од САД, нашите стратешки партнери, за целосно заокружување на евро интеграцијата на македонската држава е силна, значајна порака за иднината на земјава и на целиот наш народ. Граѓаните сакаат да бидат дел од Европа, а ние подолго време говориме, време е за обединување на сите политички чинители во општеството околу европскиот пат, истакна генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски пред граѓаните во општина Сарај.

Рече дека е време за обединување на сите политички чинители околу европскиот пат на земјата.

- Значајно за иднината на земјата е да бидеме седнати на големата маса во Брисел, рамноправни, рамо до рамо со големите државотворни народни на Европа. Одговорност на сите партии, на сите општествени чинители е да им го овозможат тоа на граѓаните, ама и на државата. Заради доброто на идните генерации да им ја обезбедиме иднината со затворени прашања и да им оставиме средена земја, со европски вредности и животен стандард. Исклучително е важна поддршката што доаѓа од САД, од нашите стратешки партнери, за целосно заокружување на интеграцијата во ЕУ. Тоа е силна порака за македонската држава и за целиот наш народ, за сите наши граѓани. Ние подолго време говориме,  време е за обединување на сите политички чинители во општеството околу европскиот пат. Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат, во името на националниот интерес, рече Зечевиќ.

Членот на ИО на СДСМ Петре Шилегов беше меѓу граѓаните на општина Аеродром, кој се осврна на случувањата во главниот град.

- Само една година беше доволна граѓаните да видат што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие власт. На Скопје му се случува нова катастрофа. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ градот го направија нефункционален, заглавен целосно и пред банкрот. Речиси нема јавно претпријатие што е функционално или пак не е во долгови. Арсовска и ВМРО-ДПМЕ не само што не ги продолжија наследените проекти, туку не реализираа ниту еден свој проект а потрошија најмалку 100 милиони евра, рече Шилегов.

Владимир Анчев рече дека градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски освен што ја бетонизира и задолжува општината, нема реализирано ниту еден свој проект што е во интерес на општината и граѓаните.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска беше во посета на општина Велес.

СДСМ за еден месец, како што посочуваат од партијата, реализирани се околу 400 средби во 250 населени места. дма/бак/

Фото: СДСМ

Остани поврзан