• четврток, 26 декември 2024

Караванот „Остави трага“ во Кавадарци

Караванот „Остави трага“ во Кавадарци

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Во Кавадарци вечер ќе се одржи петтиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ во рамки на караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја. 

Во рамки на настанот најавен во паркот Кавадарци со почеток во 19 часот ќе се реализира и панел дискусија на тема  „Еднаква, своја, успешна“ со учество на вицепремиерката за политики на добро управување Славица Грковска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, германската амбасадорка во државава Петра Дрекслер, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, како и претставници од бизнис екторот и невладините организации. 

Целта на настанот е да се поттикнат младите на зголемено учество во македонското општество и нивната активацијата, како и подигање на свеста за неопходноста од еднаквост и борба со омразата. Настанот официјално ќе го отвори групата „Шербет“, ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.

Серијата јавни настани ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.лв/са/

 

Остани поврзан