• среда, 18 декември 2024

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип
Скопје, 1 октомври 2021

„Работевме транспарентно, отворено, инвестиравме во проекти во интерес на граѓаните, насекаде низ државата, имаме и образ и можност да ја побараме повторно довербата“, порача потпретседателот на СДСМ и министер за здравство д-р Венко Филипче кој вечерва го предводеше караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Пробиштип. 

„Кога се сака се сè може. Значи можеле да се вратат парите кај граѓаните, можело да има повисоки плати и просечна, и минимална, можело да има и повисоки пензии. Можело социјалната помош да се зголеми за 300%. Можело да се инвестира во градинки, училишта во здравствени домови, во реконструкција на болници. Можело да се инвестира во армијата и полицијата. Можело да има оригинални лекови, а не шверцувани од Турција, можело да има оригинални инсулини, можело да има лекови за пациенти со малигни болести и со ретки болести.

Можело да се дуплираат платите на лекарите специјалисти и да се даде платен стаж на младите лекари, за да не заминуваат во Германија.

Можело! Ама, некој друг не го правел тоа и сега ВМРО-ДПМНЕ зборува за некаква визија за Македонија. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за визија, тие гледаат во ретровизор, за нив иднината е минатото во кое сакаат да се вратат за да може да функционираат само тие, а граѓаните да патат. Е па, нема да може. Сега граѓаните знаат како се работи одговорно и транспарентно. Убеден сум дека знаете кој број да го заокружите на 17 октомври и дека со заокружувањето на бројот 12 гласате за развиена просперитетна Северна Македонија, гласате за економски напредок, гласате за младите луѓе да останат тука и иднината да ја гледаат тука“, рече Филипче.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ——————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегралнаи оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан