• среда, 25 декември 2024

Капут од кожа што му припаѓал на Елвис Присли продаден за речиси 150.000 евра

Капут од кожа што му припаѓал на Елвис Присли продаден за речиси 150.000 евра

Лондон, 8 август 2023 (МИА) - На аукција во Велика Британија е продаден капут којшто му припаѓал на рокенрол-легендата Елвис Присли. Достигната цена за облеката е 128.000 британски фунти (148.000 евра).

Палтото од кожа и крзно од визон, коешто Елвис го носел последните години од животот, е продадено на наддавање во аукциската куќа „Хенри Олдриџ“ (Henry Aldridge) во Вилтшир во јужна Англија. Купувачот е колекционер од САД, објави „Би-би-си“.

Аукционерот Хенри Олдриџ претходно изјави дека, според него, палтото ќе достигне цена од околу 17.000 евра.  си/

Фото: „Хенри Олдриџ“

Остани поврзан