Капитенот на Милан ги повика навивачите да покажат поголема почит кон него и неговите соиграчи
- Дефанзивецот се најде на удар на симпатизерите на тимот по изјавата на тренерот Пауло Фонсека, кој ја доведе во прашање посветеноста на некои играчи, но не именуваше никој конкретно
Милано, 14 декември 2024 (МИА) - Капитенот на Милан, Давиде Калабрија се бранеше себеси и своите соиграчи од критиките на интернет и повика на поголема почит.
Дефанзивецот се најде на удар на симпатизерите на тимот по изјавата на тренерот Пауло Фонсека, кој ја доведе во прашање посветеноста на некои играчи, но не именуваше никој конкретно.
-Имаше многу дезинформации околу мене и тимот во последните денови. Лажни вести кои немаат тежина. Целта е да се создаде конфузија и поделеност. Барам почит за мене и моите соиграчи за напорите што ги правиме за доброто на клубот. Нашиот фокус останува на натпреварите и тренинзите. Работиме секој ден на најпрофесионален можен начин за да напредуваме, напиша тој на социјалните мрежи.
.
Милан е седми во италијанската лига, а во недела ќе и гостува на Џенова. дс
Фото: Архива