• петок, 27 декември 2024

Капитенот на Ливерпул избран за „Играч на сезоната“ во Премиер лигата

Капитенот на Ливерпул избран за „Играч на сезоната“ во Премиер лигата
Ливерпул, 7 мај 2020 (МИА) - Англиски Би-Би-Си го избра капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон за „најдобар играч“ за сезоната 2019/20 во Премиер лигата. Играчот од средниот ред на „црвените“ ја освои наградата со 23 отсто од гласовите на навивачите со девет преостанати натпревари до крајот на турнирот на Островот. Хендерсон играше феноменално за тимот од Мерсисајд се додека фудбалот во земјата и низ целиот свет не беше паузиран поради пандемијата со коронавирусот. Играчот од средниот ред играше на 25 од вкупно 29 натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, постигнувајќи три гола и шест асистенции. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп ја доби наградата за „најдобар тренер“. Друг член на „црвените“ исто доби награда - Трент Александар-Арнолд, кој беше изгласан за „Најдобар млад играч“. Тешкиот пораз од Ватфорд со 3: 0 беше избран за „Настан на сезоната“. Еве ги 11-те најдобри за сезоната во Премиер лигата според Би-Би-Си: Голман: Алисон Дефанзивци: Александар-Арнолд, Ван Дајк, Сојунчу, Робертсон Среден ред: Де Бруин, Хендерсон, Бруно Фернандеш Напаѓачи: Мохамед Салах, Садио Мане, Серхио Агуеро

Тагови

Остани поврзан