• сабота, 28 декември 2024

Капело: Ми се повраќа од Милан

Капело: Ми се повраќа од Милан
Милано, 11 мај 2020 (МИА) - Фабио Капело, поранешен тренер на Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид, разговараше за „Кориере дело Спорт“ за италијанскиот фудбал и допре на афера која сè уште предизвикува болка кај некои навивачи на Јувентус. Во истиот разговор, тој го критикуваше и Џорџо Киелини за неговата биографија, но се осврна и на ситуацијата во Милано. - Лучано Моџи и Антонио Гираудо беа одлични директори, а ние го освоивме Скудетото на теренот. „Калчополи“ зеде две Скудета од нас и им ги даде на другите - рече Капело. „Калчополи“ предизвика огромна штета на италијанскиот фудбал од средината на минатата деценија, а се добива впечаток дека тој не се опоравил долго време. Сепак, и покрај ситуацијата во која се најде, Јувентус успеа да се врати и доминираше во Италија во текот на втората деценија на овој век. Сите останати, вклучително и Интер и Милан, паднаа во втор план, а Капело се осврна и на „росонерите“, зад кои стојат неколку турбулентни години. Промени на сопственици, пропаднати инвестиции, се тоа го направи Милан во претходните три години, но на Капело му пречеше ставот на тој клуб кон некои големи имиња. - Поради начинот на кој ги третираа Звонимир Бобан и Паоло Малдини, ме тера на повраќање. Како директори, тие ја покажаа искреноста што ја имаа како играчи. Јас би го сторил истото како Бобан и никогаш не би носел дреотс. Достоинство е пред сè - вели Капело. Поранешниот тренер на Рома се осврна и на биографијата на Киелини, за која вели дека не требало да ја напише. - Тие ме прашуваа неколку пати да напишам книга и ми понудија разни суми пари. Но, не ми се допаѓа да читам за некои работи. Што се однесува до мене, фудбалот се игра, за него не се зборува - заклучува Капело.

Тагови

Остани поврзан