• сабота, 23 ноември 2024

Канцеларката Меркел утре во Тирана

Канцеларката Меркел утре во Тирана

Тирана, 13 септември 2021 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел, по  Белград,    утре ќе престојува во посета на Тирана. 

-Свечениот пречек ќе биде пред Палатата на бригадите во 10:20 часот, по што ќе има одвоена средба со премиерот Еди Рама а потоа и блатерална средба на двете делегации, информираа од владината прес служба. 

Нешто пред пладне, според агендата ќе пристигнат премиерите на земјите од западен Балкан, по што ќе има заеничко фотографирање и одржување на планирата средба.   

 Заеднчка прес конференција Рама и Меркел ќе имаат во 14:35 часот. 

 -Цел на посетата е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година. Заедно со премиерот Еди Рама, во Тирана, Меркел ќе седне на иста маса со лидерите на земјите од Западен Балкан кои го прифатија овој процес, наведуваат албанските медуми. 

За дел од нив пак ова сепак ќе биде „само обична посета на Меркел која заминува во пензија“. 

Ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година. 

Поради посетата на Меркел државната полиција превзеде низа безбедносни мерки, од изменет сообрајќаен режин на повеќе улици во градот, до зголемено присуство на полицски службеници., засилена контрола и при влез и  излез од Тирана. вт/

Остани поврзан