• вторник, 24 декември 2024

Канцеларија за човекови права на ОН: Нападот на кампот Џабалија може да биде воено злосторство

Канцеларија за човекови права на ОН: Нападот на кампот Џабалија може да биде воено злосторство

Њујорк, 1 ноември 2023 (МИА) – Канцеларијата за човекови права на ОН изрази загриженост на X дека нападот врз Кампот во Џебалија е „несразмерен и може да претставува воено злосторство“.

„Имајќи го предвид големиот број цивилни жртви и размерите на уништување по израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, имаме сериозна загриженост дека ова се непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“, се вели во објавата на Канцеларијата за човекови права на ОН.

Кампот Џабалија беше нападнат вчера попладне

Израелските одбранбени сили подоцна го потврдија нападот, велејќи дека бил убиен висок командант на Хамас, а цел била „подземната терористичка инфраструктура“ под зградите што се урнале. ИДФ исто така соопштија ги разгледуваат „извештаите за колатерална штета и неборбени жртви“. јт/

 

Остани поврзан