• среда, 25 декември 2024

Кансело понуден на Јувентус и Интер

Кансело понуден на Јувентус и Интер

 

Рим, 7 јули 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити го понуди дефанзивецот на португалската репрезентација Жоао Кансело (30) на Јувентус и Интер, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Кансело е член на Манчестер Сити од 2019 година, но последните 18 месеци ги помина на позајмица во Баерн Минхен и Барселона.

Неговиот агент Жорге Мендеш почна да бара нова дестинација, откако стана очигледно дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола не сака да го задржи Португалецот на „Етихад“,

Весникот Ла Стампа наведува дека Кансело е понуден на Јувентус и Интер, клубови во кои веќе настапувал.

За Интер настапуваше во сезоната 2017/18, а една година подоцна мина во дресот на Јувентус.

Неговиот договор со Сити е до јуни 2027 година, а, според медиумите, англискиот клуб за Кансело ќе бара обесштетување од 25 милиони евра.

Тој пристигна во Сити од Јувентус за 30 милиони евра плус дефанзивецот Данило, што беше вкупно околу 65 милиони евра.

Кансело беше дел од португалската репрезентација на ЕВРО2024 во Германија, која со пораз во четвртокот се прости од натпреварувањето. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан