• четврток, 26 декември 2024

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Лозово Цветковски вети повеќе пари за социјални трансфери

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Лозово Цветковски вети повеќе пари за социјални трансфери
Штип, 15 декември 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Лозово, Бошко Цветковски на вечервашниот митинг на своите сограѓани им порача дека како човек, кој животниот век го поминал во општина Лозово ја знае душата на секое населено место, но и  ги познава секојдневните маки и проблеми со кои се соочуваат граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа се и мои маки и проблеми. Пред жителите на Општина Лозово се обрати и Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Цветковски додаде дека во изминативе четири години Лозово стана општина од која секојдневно младите заминуваат, а селата се празнат, со населени места кои во 21 век немаат здрава и чиста вода за пиење, со пад на електричниот напон при секоја промена на временските услови, села кои се уште се со септички јами, неисчистени улици и непроодни патишта во зимскиот период, депонии на секој чекор, се поголем број на граѓани и семејства кои живеат под прагот на сиромаштија или се наоѓаат во положба на социјален ризик, земјоделци кои мака мачат како да го продадат она што го произвеле, и кои едвај врзуваат крај со крај. - Како градоначалник на општина Лозово, пред граѓаните ќе понудам концепт на одговорно работење и ќе бидам подготвен да  им излезам во пресрет за сите потреби, информации и помош во решавање на нивните проблеми. Ќе се залагам за зголемена ефективност и одговорност на локалните власти во нивното работење и поголема вклученост на граѓаните во донесувањето на одлуки за прашања што за нив се од суштинско значење. Локалните претставници ќе бидат секојдневно со вас, како би биле во директна комуникација со граѓаните во сите населени места, спроведувајќи една од најдобрите светски практики за подобрување на распределба на локалните буџетски средства, рече Цветковски. Посочи дека по принципот на партиципативно буџетирање сите граѓани би имале еднакви можности да бидат вклучени во донесувањето на одлуки за намена на општинските финансии. На тој начин, според него, граѓанинот ќе го добие местото што го заслужувал отсекогаш. - Посебен акцент ќе ставиме на локалниот економски развој кој значи потреба од директна работа за економско зајакнување на локалните области за да се подобри квалитетот на живот на граѓаните, нагласи Цветковски. Тој укажа дека на територијата на општина Лозово постои индустриска зона која опфака 40 парцели, но, додаде дека досега нема заинтересираност кај ниту еден инвеститор. Во оваа насока, како што кажа, тој и неговиот тим ќе изготват план и стратегија за промоција на индустриската зона, нејзините карактеристики и поволности со цел привлекување на инвеститори кои ќе отворат нови производителни погони од областа на текстилната и прехранбена индустрија. Изградбата на индустриски комплекси од ваков вид, како што рече, би го олеснила секојдневниот живот на граѓаните од оваа област на начин што нема да патуваат и да бараат работа, како и да се отселуваат во друг град. На митингот во Општина Лозово на кои се промовираше кандидатот за градоначалник и советничката листа се обрати и Антонијо Милошевски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. - Првата порака е дека на 17-ти октомври оваа година еден човек во Лозово треба да биде загрижен и уплашен, и тој веќе е загрижен и уплашен, и тоа е актуелниот градоначалник бидејќи нему времето му одбројува. Успеа како успеа пред четири години со лаги, измами и во тој политички момент да стане градоначалник и од пред четири години до денес за жал општина Лозово во цела Македонија и на сите медиуми стана општина за лоши вести. Стана општина од каде што слушаме дека се тормозат на работа и се малтретираат вработени жени, дека се губат судски спорови заради бркање од работа, заради тоа што некој размислува поинаку од градоначалникот. И општина Лозово стана општината каде што гледаме дека градоначалникот две третини од годината не е во својата родна општина каде што е градоначалник, рече Милошоски. Неговата втора порака која ја пренесе е дека на 17-ти октомври нема да има победнички резултат ВМРО-ДПМНЕ само во Лозово, туку ќе има победнички резултат во цела земја. вдј/мс/  

Остани поврзан