• четврток, 26 декември 2024

Кандидатот за градоначалник Тодоров вети дигитален онлајн систем за контакт на градоначачникот и советниците со граѓаните 

Кандидатот за градоначалник Тодоров вети дигитален онлајн систем за контакт на градоначачникот и советниците со граѓаните 
Кавадарци, 29 септември 2021 (МИА) - Дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, вети кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Горан Тодоров, на денешната прес конференција. Тој вети дека ќе се воспостави и соработка со НВО секторот и учество на нивен претставник како соработник на кабинетот на градоначалникот. - Иницијативите од граѓаните ќе бидат прифатени и процесирани во јасен систем, при што општините ќе се обврзат да одговорат на граѓанските иницијативи во рок до 10 дена. Учеството на граѓаните во управувањето со општината нема да се сведе само на гласање еднаш на четири години, туку преку комуникацијата со градоначалникот и пријава на иницијативи ќе се изгради вистински партнерски однос, рече Тодоров, кој е кандидат на СДСМ и коалицијата. - Пред вас граѓаните на Кавадарци се обврзувам дека Општината ќе ја водам чесено, искрено и домаќински. Ќе бидам градоначалник близок до секој од вас. Постојано на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен. Ќе бидам човек од акција, работлив, вреден. Подготвен, компетентен, запознаен со проблемите, со конкретен план со решенија. Еднакво близок со сите граѓани. Во мојот мандат ќе се грижам за јавниот интерес и општто добро на граѓаните, а не бизнис интересите на поединци, како  што тоа беше случај досега. Затоа ве повикувам сите да направите споредба и разлика. Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место, порача Тодоров. свд/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан