• среда, 25 декември 2024

Кандидатка од САД за медал во Токио суспендирана поради допинг

Кандидатка од САД за медал во Токио суспендирана поради допинг
Вашингтон, 15 јуни 2021 (МИА) – Американската атлетичарка Шелби Гулиган, шампионка на 1.500 и 5.000 метри во затворен простор во 2019 година е суспендирана на четири години поради позитивен тест за анаболен стероид. Неколку дена пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри во американскиот тим, 28-годишната атлетичарка призна дека во нејзиниот примерок од јануари е пронајден нандролон. Гулиган, која беше кандидатка за медал во Токио 2020, тврди дека намерно не земала допинг и дека забранетата супстанца можела да влезе во нејзиното тело преку контаминирано месо. -Направив сè што можев за да ја докажам својата невиност. Поминав полиграфски тест, а косата ми ја тестираше еден од водечките светски токсиколози, напиша Шелби на социјалните мрежи. ВАДА се согласи дека нелегалната дрога не се акумулирала во моето тело, што значи дека не ја земав редовно. Но, ова не ја промени одлуката за казнување. Се чувствувам целосно уништено, изгубено, скршено, збунето и изневерено од самиот спорт што го сакав и целосно му се предадов. Никогаш не сум користела супстанции за подобрување на перформансите, додаде американската атлетичарка. зс/

Остани поврзан