• четврток, 26 декември 2024

Кандидатите на Кремљ победија на регионалните избори во Русија

Кандидатите на Кремљ победија на регионалните избори во Русија
Москва, 12 септември 2022 (МИА) - Кандидатите поддржани од Кремљ победија на првите регионални избори во Русија по инвазијата врз Украина, објавија денеска руските медиуми. Сите 14 актуелни гувернери кои се кандидираа за реизбор ги задржаа своите позиции, додека партијата Единствена Русија на Кремљ го задржа мнозинство во повеќето регионални и градски законодавни тела. Гласањето се одвиваше од петокот до вчера во повеќе од 80 региони. Независните набљудувачи на изборите од организацијата Голос предупредија на бројни измами, додека според руските власти не се забележани поголеми прекршувања на изборните правила. Опозициските активисти пред изборите се пожалија дека на кандидатите кои зборувале против руската војна во Украина не им било дозволено да се кандидираат. Најдобар резултат меѓу гувернерите постигна шефот на Република Бурјатија во Сибир, Алексеј Циденов. Тој официјално освои 86,23 отсто од гласовите. Најскромниот резултат од перспектива на Кремљ постигна Александар Бречалов со 64,38 отсто од гласовите во републиката Удмуртија на реката Волга. ми/

Остани поврзан