Канаѓанката Мекинтош го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно во 25-метарски базени
- Канадската пливачка Самер Мекинтош го освои денеска златниот медал на 400 метри слободно на Светското првенство во мали базени во Будимпешта со време на нов светски рекорд.
Будимпешта, 10 декември 2024 (МИА) – Канадската пливачка Самер Мекинтош го освои денеска златниот медал на 400 метри слободно на Светското првенство во мали базени во Будимпешта со време на нов светски рекорд.
Мекинтош до златото стигна со резултат 3:50,25 минути.
Австралијката Лани Палистер го освои сребрениот медал со заостанување од 3,48 секунди, а Канаѓанката Мери-Софи Харви заврши на третото место со 4,63 секунди заостанување зад сонародничката Мекинтош. ег
ФОТО: Фејсбук